Груби го пречека албанскиот репрезентативец Јасир Асани: Му честитав за победите на нашиот национален тим
Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на својот официјален Фејсбук профил сподели дека утрово го пречекал албанскиот репрезентативец Јасир Асани.
„Му честитав на Јасир за двата одлични настапи во победите на нашиот национален тим, за спектакуларниот гол постигнат против Молдавија и го охрабрив да продолжи со одличната работа во однос на напредувањето во професионалната кариера. Ќе продолжиме да го поддржуваме во секој чекор од неговата кариера, посакувајќи заедно со репрезентативците да стигнат до квалификациите за Европското фудбалско првенство“, напиша Груби.
Јасир Фадил Асани е професионален фудбалер кој игра како десно крило за клубот од К Лига 1, Гвангжу ФК. Роден во Македонија, тој ја претставува репрезентацијата на Албанија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа