Хари и Меган и официјално се иселија од Фрогмор котиџ

 

Принцот Хари и Меган Маркл повеќе немаат официјална резиденција во која ќе престојуваат кога ќе допатуваат во Велика Британија.

Според „Ај-ти-ви њуз“, војводата и војвотката од Сасекс, конечно, се спакувани и иселени од Фрогмор котиџ – три месеци откако кралот Чарлс Трети ги избрка од имотот.

Всушност, официјален претставник на палатата изјавил дека Хари (38) и Меган (41) штотуку го напуштиле имотот.

И покрај тоа што се преселија во Калифорнија во 2020 година, куќата – која се наоѓа на имотот Виндзор – беше нивна официјална резиденција во Обединетото Кралство.

Хари престојуваше во куќата во април додека беше во Лондон во рамките на неговата тужба против издавачот на „Дејли мејл“ за наводно хакирање телефон, но годишниот извештај за државен грант (Sovereign Grant) покажува дека Фрогмор котиџ моментно е празна.

Парот, кој ја напушти Британија во 2020 година, беше избркан од куќата во март.

Монархот (74) очигледно го почнал процесот на иселување следниот ден откога мемоарите на принцот Хари, „Резерва“ стигнаа на полиците.

Хари во мемоарите изнесе неколку бомбастични обвинувања против своето сега веќе отуѓено семејство, вклучително и тоа дека Чарлс (тогашен принц наследник) постојано се шегувал дека не му е вистински татко на Хари.

Додека палатата допрва треба да потврди кој ќе се всели во домот, кралот наводно планира да му ја подари на принцот Ендру.

 

30.06.2023 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега