Хасипи: Од следната недела ќе почне дистрибуција на свидителствата до сите училишта

Жалбената постапка веќе заврши и од следната недела ќе почнеме со дистрибуирање на свидителствата до сите училишта во државата, изјави денеска за МИА директорот на Бирото за развој на образованието, Зекирија Хасипи.

Уште во текот на јуни беа дистрибуирани свидителствата и дипломите за матурантите кои завршија тригодишно и четиригодишно образование, како и за учениците од  деветто одделение со цел непречено да можат да го продолжат своето натамошно образование, кажа Хасипи.

Дистрибуцијата на свидителствата за останатите ученици доцнеше поради жалбена постапка која веќе заврши, така што од следната недела ќе почнеме и со нивна распределба по сите училишта во државава, вели Хасипи во изјавата за МИА.

11.08.2022 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега