Хоспитализирани 481 пациент поради коронавирус во болниците во земјава - од нив 5 се на респиратор

Министерството за здравство информираше дека денеска се регистрирани 641 нови случаи на коронавирус во Македонија, што е нов рекорд, откако пред 6 дена рекордот беше 535 новозаболени.

Од нив 481 лице се лекуваат во болниците во земјава.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 108 пациенти. На кислородна поддршка се 80 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега