И Скендер Реџепи ќе формира нова политичка партија

 

Поранешниот пратеникот на Алтернатива, а сега независен пратеник Скендер Реџепи најави дека ќе формира нова политичка партија.

Во интервју за ТВ 21 Реџепи рече дека од средбите со граѓаните увидел дека ја има поддршката да гради поинаков политички пат. Според него, таквата одлука е резултат на незадоволството во Алтернатива бидејќи не биле прифатени неговите идеи за промени во партијата, па не само што повеќе не се пронаоѓа во таа партија, туку, како што рече, не се гледа ниту како член на која било друга партија.

– Ќе започнам ново политичко патување заедно со дел од структурите во Алтернатива кои излегоа од таа партија, изјави Реџепи.

Тој се согласува дека бројот на политички партии на Албанците стана голем, но верува дека до изборите тие ќе се поделат на два блока, алудирајќи на европскиот фронт и опозицискиот блок.

29.08.2023 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега