И утре нема да работат семафорите, се огласија од ЈП Улици и патишта: Полицијата да не дозволи да се направи метеж низ градот
ЈП Улици и патишта ја повика полицијата да не дозволи утре да се направи метеж низ Скопје во периодот кога семафорите во централното градско подрачје нема да работат, односно од 8 до 15:30 часот.
-Како што веќе информираа од ЕВН, утре ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, поточно кај „Веро џамбо“, Кеј 13 Ноември, Правен Факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот „Холидеј ИНН“ и околината. Причината е што овој дел од градот во тој период ќе остане без електрична енергија, се наведува во соопштението на јавното претпријатие.
24.12.2021 - 17:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа