И Заев и Мицкоски кампањата ја почнаа со вицеви

Претседателите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски кампањта за претстојните локални избори ја започнаа со вицеви за своите опоненти.

-Отишол Заев во едно населно место и вели кажете ми два проблеми кои сакате да ви ги решам. Тие рекле, овој градоначалников не лажеше дека ќе направи водовод. Заев почнал да врти телефони и така половина час, тие го гледаат замислено, и после спушта слушалка и вели првиот проблем е решен. Кој е вториот проблем? Граѓаните велат вториот проблем е што нашава општина нема мрежа за мобилни телефони, па ако може тоа да го решите. Ете  така почитувани мои, ќе изгледаат овие избори. Овој пат, нема да може да излажат зашто сите знаат дека не може да им се верува. Тие нека си мислат дека се најдобри. Некој мора да ги разбуди, а тоа ќе бидат овие избори. Народот ќе им каже дек не дозволува за биде потценет. Ја знаеме сите реалноста, рече Мицкоски.

Заев му врати од Битола, па состојбата во ВМРО-ДПМНЕ ја спореди со филмот „Ко то тамо пева“ и рече дека сцената каде во автобусот е реплика „Вози Мишко“ од Будимпешта велат „Кочи Мицко“.

27.09.2021 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега