ИДФ: Приоритет е да се елиминираат водечките членови на Хамас

Ликвидирање на високи членови на палестинската милитантна група Хамас е главен приоритет за израелските одбранбени сили (ИДФ), изјави портпаролот на ИДФ Даниел Хагари.

„Нема да запреме во нашите напори да ги елиминираме високите функционери на Хамас, тоа е наш врвен приоритет“, рече Хагари, откако синоќа во израелските воздушни напади беа убиени двајца високи членови на Хамас, додавајќи дека израелските војници се уште трагаат по терористите во јужен Израел, пренесува Тајмс оф Израел.

Тој истакна дека денеска во овие потраги во различни израелски градови на југот на земјата се убиени девет терористи.

„Директивата до силите е јасна – пронајдете ги терористите и уништете ги“, рече Хагари.

Тој истакна дека освен тоа, само во Кибуц Бери биле пронајдени телата на сто и тројца терористи, откако во тој кибуц (земјоделска комуна во Израел) убиле повеќе од сто Израелци.

10.10.2023 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега