Исчезнаа планинари во близина на границата меѓу Македонија и Косово
Вчера во 19.31 часот во Секторот за меѓународна полициска соработка, од Интерпол Германија е пријавено дека на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово се изгубиле две лица- државјани на Сојузна Република Германија и Кралство Холандија, кои планинареле во близина на граничната линија.
Известени се СВР Тетово, Центар за управување со кризи и Регионалниот центар за гранични работи Север.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
22.05.2025 - 15:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа