Избегал од затворот во Прилеп, го фатиле во Кичево

41-годишниот Х.Ф. денеска бил уапсен во Кичево откако претходно избегал од затворот во Прилеп.

-Денеска во 11:20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле Х. Ф. (41) од с. Горно Строгомиште кој се барал со потерница од КПУ Затвор Прилеп за доиздржување на казна затвор во траење од една година, еден месец и 20 дена за сторено кривично дело предвидено со член 215 од К.З. на РСМ. Лицето е спроведено во КПУ Затвор Прилеп, велат од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега