Изгаснат пожарот во Скопје, четири возила целосно опожарени

Скопските пожарникари го изгасија пожарот што денеска избувна на стариот полигон под Кале.

Во пожарот зафатени беа пет патнички возила, а во гаснењето учествуваа 13 пожарникари со четири противпожарни возила.

Командирот на скопската бригада, во изјава за МИА рече дека причинета е само материјална штета.

06.04.2024 - 15:29
Фото: 
Принтскрин/ТВ21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа