Јакимовски ветува: Бесплатен автобуски превоз од Трнодол, Жданец и С. Нерези до Партизанска

Кандидатот за градоначалник на ГРОМ за Карпош, Стевчо Јакимовски најави бесплатен превоз на граѓаните од населените места Трнодол, Жданец и
Средно Нерези до булеварот Партизански одреди.

Целта на овој проект е да се олесни поврзувањето на жителите од овие населени места со централниот дел од општината преку воведување на автобуски линии.

Превозот ќе биде бесплатен, а трошоците ќе бидат на сметка на општината, најави Јакимовски.

– И со бас рапид транзит на градоначалникот Шилегов не се решава проблемот на граѓаните од Трнодол, Жданец, Средно Нерези. Тие и натаму ќе бидат отсечени од булеварот Партизански одреди каде што е најголемата фрекфенција и каде што граѓаните имаат најмногу потреба да се движат. Од тие причини општина Карпош ќе има минибуси кои ќе се обраќаат од Трнодол, Жданец и Средно Нерези до булеварот Партизански одреди. Ова особено ќе биде во интерес на повозрасните граѓани на Карпош, како и за учениците кога наутро одат за на училиште, особено во средните училишта. Сето ова ќе биде бесплатно на товар на буџетот на општина Карпош, најави Јакимовски.

09.10.2021 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега