Јанчев: Фаворит сум бидејќи 3 години работев транспарентно и напорно

И во наредниот мандат продолжуваме со поддршка за невладиниот сектор. Кавадарци за сите!, порача градоначалникот Митко Јанчев, кој заедно со носителот на советничката листа д-р Стојанче Рамов, оствари средба со здружението Визија. 

– Овие луѓе ја имаат најблагородната професија, луѓе кои секогаш се грижат за другите а потоа за себе – рече тој по средбата

Тој деновиве се сретна и со голем дел од младите спортисти од Кавадарци.

– Остваривме средба и со КК Про Баскет. Средбите ќе продолжат и понатаму. Внимателно ги слушаме сите нивни проблеми и во наредниот мандат ќе продолжиме со уште поголема поддршка за сите спортски клубови – додаде Јанчев.

За да бидеш фаворит мислам дека треба да си ја сработиш својата работа, да бидеш достапен за граѓаните, вели градоначалникот Јанчев за Утрински брифинг.

– Фаворит сум бидејќи три години работиме транспраентно и објективно, напорно. За две и пол години ја исполнивме целата предизборна кампања и наредната година и пол ја дополнивме со проекти кои призлегоа од урбаните, месните заедници од потребите на градот – вели Јанчев. 

09.10.2021 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега