Како да препознаете симптоми на тромб: Знаци на кои треба да обрнете внимание - не ги игнорирајте

Крвните згрутчувања се механизам на телото што предизвикува запирање на крварењето кога станува збор за мали ранички. Тие се појавуваат кога ќе се исечеме, по што, кога крварењето ќе запре, крвните згрутчувања се распаѓаат.

Сепак, кога крвните згрутчувања нема да се распаднат, тие можат да бидат многу сериозен проблем и да доведат до опасни ситуации. Од крвните садови можат да патуваат по целото тело, најчесто до нозете, особено при предолго седење.

Исто така, може да ги појават и во артериите, кои го пренесуваат кислородот од срцето до клетките во телото. Резултатот на такво згрутчување може да биде навистина застрашувачки, затоа што може да се заглават во срцето, белите дробови и мозокот и да ги остават без кислород, а со тоа да предизвикаат срцев или мозочен удар.

Крвно згрутчување може да се создаде и во вените што крвта ја носат до срцето, а кога тоа ќе се случи, симптомите се појавуваат постепено, но може да значат проблеми.
Ако научите да ги препознаете симптомите, ќе знаете дека е важно веднаш да се јавите на лекар и така да си го спасите животот.

Рацете и нозете

Кога крвното згрутчување се формира во вените на рацете или на нозете, длабоко под кожата, тоа се нарекува длабока венска тромбоза. Ова е опасно, бидејќи тромбот може да патува од срцето до белите дробови.

Длабока венска тромбоза може да се појави ако долго време не сте се движеле, или сте имале операција или долг авионски лет.

Веднаш побарајте помош ако ги забележите овие симптоми:

Отекување: Ова може да се случи на истото место каде што се развил тромбот или на целата нога или рака.

Промена на бојата: Може да забележите дека рацете или нозете ви се црвени или сини.

Болка: Со влошувањето на состојбата, ќе почувствувате поголема болка. Чувството може да варира од тапа болка до интензивна.

Тешко дишете: Ако тоа се случи, може да значи дека згрутчувањето се преместило од рацете или нозете на белите дробови. Може да се појави и силна кашлица или крв при кашлањето. Веднаш повикајте брза помош!

Грчеви во долниот дел на нозете: Може да се појават ако има згрутчување (тромб) во ногата.

СРЦЕ

Крвното згрутчување што се формира во близина на срцето може да предизвика срцев удар, затоа внимавајте на овие симптоми:

– Силна болка во раката и во градниот кош

– Потење

– Тешкотии при дишењето

БЕЛИ ДРОБОВИ

Згрутчување на крвта (тромб) во белите дробови обично почнува од длабоката вена во раката или на ногата, а потоа оттаму се „откинува“ и патува до белите дробови. Кога тоа се случи, станува збор за состојба што се нарекува белодробна емболија, која е исклучително опасна.

Повикајте помош ако:

– Тешко дишете

– Имате силна болка во белите дробови

– Кашлате

– Се потите

– Ви се врти во главата

МОЗОКОТ

Згрутчувањето може да стаса и до мозокот и да предизвика мозочен удар. Внимавајте на овие симптоми:

– Тешкотии со видот и говорот

– Напад

– Слабост

СТОМАК

Крвните згрутчувања на ова место може да бидат предизвикани од болестите на црниот дроб, па дури и од таблетите за контрацепција.

Ова се симптомите:

– Гадење и повраќање

– Болка во стомакот

– Пролив

– Крв во столицата

– Подуеност

БУБРЕЗИ

Загрутчувањето на крвта во бубрезите може да предизвика висок крвен притисок, па дури и откажувањето на бубрезите.

Внимавајте на овие симптоми:

– Болка околу стомакот, во нозете или на бутовите

– Крв во урината

– Температура

– Висок крвен притисок

– Отоци

– Отежнато дишење.

23.07.2021 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега