Карабатиќ позитивен игра на ЕП – Не бил опасен по околината

Никола Карабатиќ со позитивен тест игра натпревари на Европското првенство. ЕХФ му дозволиле да игра бидејќи не бил „опасен по околината“.

Карабатиќ (37), голем дел од подготовките на Франција за ЕП мина во карантин. Околу нова година тој доби позитивен тест.

Тој ги играше трите натпревари во групата, а потоа во главната фаза играше против Холандија. Пред натпреварот со Исланд, Карабатиќ повторно доби позитивен тест, но ЕХФ му дозволи да настапи.

„Вистина е дека Никола Карабатиќ имаше позитивен тест по дуелот со Холандија. Нашите лекари ја прегледаа неговата документација бидејќи претходно беше заразен со коронавирусот. СПоред нивото на анти-тела, проценија дека може да игра“, соопшти ЕХФ.

24.01.2022 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега