Кличко: Инфраструктурата на Киев може да се урне во секој момент

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави денеска дека инфраструктурата на главниот град на Украина може да се урне во секој момент, бидејќи спорадичните руски ракетни напади заедно со падот на температурите ги ставаат локалните власти под зголемен притисок.

Кличко изјави за Ројтерс, на маргините на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, дека западните сојузници на Украина мора да ја забрзаат испораката на системи за противвоздушна одбрана што можат да соборат руски ракети.

Градоначалникот на Киев ја обвини Москва дека неселективно ги таргетира цивилите, како и клучната инфраструктура, загрозувајќи го снабдувањето со електрична енергија, проточна вода и централно греење.

Не зборуваме за колапс, но тоа може да се случи…во секој момент, руските ракети би можеле да ја уништат нашата критична инфраструктура во Киев – рече Кличко.

Тој додава дека сега во Украина е прилично студено и дека животот без струја и парно е речиси невозможен.

16.01.2023 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега