Костадиновска Стојчевска: Конечните листи за кандидати на пратеници ќе бидат познати во сабота на Конгресот на СДСМ

„На когресот ќе се утврдат конечните листи за кандидати за пратеници меѓутоа целосните листи, не само носител, прв втор… За сите 6 изборни единици ќе се утврдуваат конечните листи и тоа ќе го направиме односно ќе помине низ сите партиски филтри, низ сите партиски структури што ќе резултира на крајот со партиски конгрес кој што е закажан за во сабота.

Како потпретседателка морам да кажам дека најпрво се залагаме за зачувување на тој принцип на машко женско или подеднаква застапеност на жените на листи. Тоа од претходните парламентарни избори премина во една реторика која што е носител и коносител односно со таа застапеност се опфаќа малку поголем регион. Што значи покрај принципот на машко женско ќе имаме и нешто што се нарекува носител и коносител за секоја изборна единица,“рече министерката за култура и потпретседателка на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска,  на ТВ Клан, во врска со носителите на пратеничките листи на СДСМ.

19.03.2024 - 22:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега