Костовски: Мицкоски, Лефков и ВМРО-ДПМНЕ да се извинат за лагите кои ги фабрикуваа за Ковачевски

 

Мартин Костовски, пратеник на СДСМ побара извинување од Мицкоски, Лефков и ВМРО-ДПМНЕ за обвиненијата кон Ковачевски.

„Со денови ВМРО-ДПМНЕ ја лажеше јавноста и фабрикуваше лаги против претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Секој ден од Белиот дворец се пласираа најдолни лаги. Тие лаги се демантирани и од Државната комисија за спречување на корупцијата која соопшти дека нема никаков основ и затоа нема да има никаква постапка“, вели Костовски.

Костовски вели дека  измислените афери на ВМРО-ДПМНЕ се единствено со цел да се дефокусира јавноста од криминалниот тендер од 136 милиони евра во Град Скопје.

„Денес, откако и потона и последната нивна лага, Мицкоски, Лефков, и ВМРО-ДПМНЕ треба да му се извинат на претседателот Ковачевски, а потоа и на јавноста која со денови ја лажеа и манипулираа. Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, тоа е криминална партија која своето дејствување го базира на лажни вести и фабрикувани дезинформации затоа што нема никаква понуда за граѓаните“, вели тој.

12.10.2022 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега