Ковачевски: Минималната плата од 18.000 денари е реалност

Минималната плата од 18.000 денари е реалност, но уште поважно е што таа континуирано ќе расте без потреба од дополнителни интервенции, пишува првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Од денес, 80.000 вработени, наши сограѓани, работници во различни дејности и индустрии, земаат 18.000 денари минимална плата, потенцира Ковачевски во својата објава.

-Сега, со две минимални плати синдикалната кошничка е покриена, нешто што не беше случај во 2016, кога беа потребни повеќе од 4 минимални плати за да се покрие една кошничка.
Заштитата на животниот стандард на граѓаните е еден од највисоките приоритети за оваа Влада. Затоа со динамично темпо ги исполнуваме ветувањата и во година полна со предизвици и продлабочена економска криза, ги насочуваме сите ресурси кон економска поддршка за граѓаните и стопанството, стои во објавата на Ковачевски на „Фејсбук“.

01.04.2022 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега