Ковачевски нема да бара разрешување на Спасовски, задоволен е од работата на министерот

 

 

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека нема да бара разрешување на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откако претходно пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, од собраниската говорница го начна прашањето.

„На највисоко ниво се перформансите на Министерството за внатрешни работи во делот на справување со криминалитетот, во делот на спречување на илегална миграција, во делот на инвестиции во објекти, опрема во МВР. Сите бројки се јавно достапни во однос и на идентификување криминални влијанија во државата од сите видови, кои се на многу повисоко ниво од тоа што беа во претходните години. На високо ниво е и справувањето со разни видови криминал, а тоа е доказ дека се работи за министер и негов тим, кои работат на професионално ниво“, рече Ковачевски.

Пратеникот Ковачки рече дека престрелките станале секојдневие, а МВР нема расветлено 20 убиства во Скопје во мандатот на Спасовски.

По којзнае кој пат полицијата не дејствувала превентивно и не реагирала на најавите за убиството на социјалните мрежи, рече Ковачки.

26.10.2023 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега