Ковачевски: Нови инвестиции и работни места во време на светска криза

Премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше и се обрати на настан во организација на  Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и Македонско-Германското стопанско здружение на тема: „Очекувањата на приватниот сектор од новата Влада во време на корона и енергетска криза“.

На настанот присуствуваа министрите за финансии Фатмир Бесими и за економија Крешник Бектеши, како и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Јован Деспотовски.

Во присуство на над 90 претставници на германски, македонски и други интернационални компании-членки на здружението, премиерот Ковачевски во своето обраќање ја истакна важноста од соработката и партнерството со деловната заедница за создавање подобар деловен амбиент, за нови инвестиции, за нови работни места и во услови на светска криза. Премиерот Ковачевски рече дека на економски план Владата има три приоритети, справување со последиците од светската енергетска криза, економски развој како и реализација на капиталните инвестиции.

„Странските инвестиции се важни за економскиот развој на нашата земја, а германските инвестиции, како и европските се клучни. Пандемијата ги покажа слабостите и видовме дека Европа се соочи со големи предизвици кога ланците на снабдување се во далечни земји. Во Европа може да се произведуваат многу работи, а тоа значи и заштеда на трошоците. Северна Македонија тоа ќе го искористи и затоа правиме амбиент за нови инвестиции. Ние сме членка на НАТО, нашата позиција е и членство во Европската Унија, за инвеститорите да знаат дека имаат сигурност и предвидлив деловен амбиент, впрочем тоа е нашата предност и во однос на некои од земјите од регионот“, изјави Ковачевски и додаде дека Владата во партнерство со сите релевантни чинители за да се спречи ценовниот шок предизвикан од светската енергетска криза, брзо и навремено, донесе пакет од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра за да се амортизираат притисоците врз стандардот на граѓаните и да се обезбеди ликвидност на компаниите.

Ковачевски во своето обраќање посочи и дека продолжува трендот на раст на просечната нето плата, на минималната плата која е зголемена на 18.000 денари, регистрирани се трендови на намалување на невработеноста, а исто така подвлече дека за стопанството од особена важност е реализацијата на капиталните инвестиции, која е одлична дури и во време на криза. Премиерот истакна дека минатата година реализиравме 79% од капиталните инвестиции и со истото темпо се продолжува и оваа година.

31.03.2022 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега