Ковачевски од Брисел: Ја осудуваме руската агресија

Претседателот на Владата на нашата земја, Димитар Ковачевски на социјалната мрежа Фејсбук, упати порака до јавноста дека ја осудува руската агресија заеднички со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Како што напиша, давале силна поддршка за Украина.

Традиционалното пријателство со Турција е секогаш мотивација за срдечни средби со претседателот Реџеп Таип Ердоган, пишува премиерот Ковачевски на Фејсбук.

„Ја осудуваме руската агресија и имаме заедничка силна поддршка за Украина која храбро ја брани својата земја.
Се согласивме да продолжиме да вложуваме заеднички во поинтензивна соработка за да отвориме повеќе врати за турските инвеститори и за посилни трговски врски меѓу двете земји“, се додава во неговата објава на социјалните мрежи.

24.03.2022 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега