Ковачки: Ковачевски 14 пати го спомена името „Северна“, ниту еднаш зборовите македонски и Македонци

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки по прес конференцијата беше запрашан од медиумите кој е ставот на партијата за вчерашниот говор на Ковачевски на 77-то Генерално Собрание на Обединети Нации.

„Вчерашното обраќање на премиерот дезертер на 77-то Генерално Собрание на Обединетите Нации во најмала рака го цениме како скандалозно. Премиер кој што се срами да каже од каде доаѓа, кој е, и да не го спомене ниту еднаш името на својата држава Македонија, а 14 пати да го спомене името „Северна“, а притоа да не го спомене ниту еднаш зборот македонски и Македонци, ни ниту една друга заедница во Република Македонија, мислиме дека е скандалозно“, нагласи Ковачки.

25.09.2022 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега