Кривична пријава за правен субјект и четири лица за криумчарење на 7.000 кг канабис вреден 20 милиони евра
Секторот за контрола и истраги при Царинската управа денеска поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против едно правно лице и четири физички лица, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „криумчарење“.
На 11 август во Царинската испостава Гевгелија, при извршена дополнителна контрола при увоз пронајдена е сецкана тревкаста материја, за која по направениот тест е утврдено присуство на психоактивна компонента која влегува во составот на растението канабис.
Со откривањето и спречување на обидот за криумчарење на оваа стока, како што информираше денеска Царинската управа, спречено е неовластено производство и пуштање во промет на 7.000 килограми цвет од канабис, којшто на нелегалниот пазар на наркотични средства би достигнал вредност од над 20 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа