Крмов кон Павле Трајанов: Полжави имаат поголем интегритет од Вас

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов имаше реплика кон Павле Трајанов на денешната Седница на Собрание и кажа дека дури и „полжавите имале поголем интегритет“ од него.

 

„Со Вашиот став, истовремено сте и „против“ и сакате да не ги изгубите привилегиите на власта. Оваа циркузијада која се случува во Собранието, е за да вие, ДОМ и ЛДП си ја исперете совеста, т.е. ако бидете во ситуација и сами до одите на избори, истовремено да бидете „против“, а истовемено да бидете „за“ и да не ги изгубите привилегиите.
 
Во овој политички момент, гласање „против“ и мавтање со глупости, со заклучоци со кои знаете дека нема Рамката да ја променат не вредат ништо“, вели Крмов.
 
Која е вашата политичка сила? Да излезете од власта, порача пратеникот на Левица.
 
„Вие, ДОМ и ЛДП имате четири пратеници. Ако вие сега речете дека ќе излезете од власта ако ова помине, само во тој случај власта ќе ретерира. Овие тендераши и родената мајка би ја продале и нема да застанат освен ако фотелјите не им се во прашање.
 
Полжави имаат поголем интегритет од вас. Мекотели имаат повеќе 'рбет. Ништо освен закана за излегување од власта не вреди пет пари во овој момент.
 
Или кажете дека ќе излезете од власт, или не го замајувајте македонскиот народ со мафтање со хартии“, кажа пратеникот во репликата.
 
 
15.07.2022 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега