Левица: Во Протоколот пишува дека двете држави прифаќаат во 2022 и 2023 да ги чествуваат сите заеднички историски настани и личности

„Во Протоколот, под темата за историјата се наведува дека двете држави прифаќаат во 2022 и 2023 да ги чествуваат сите заеднички историски настани и личности кои се веќе договорени од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, а доколку има политичка волја од двете држави, ќе се прославуваат и други заеднички историски настани и личности“. Ова го потенцираат од политичката партија Левица во реакција испратена пред малку до медиумите.

Тие од Владата бараат да подготви и достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на тема Самоилова држава. „Бугарските апетити се однесуваат и на старословенската историја која сега ќе се изучува во бугарски национален контекст.

 

Солунските браќа, светите учители Кирил и Методиј, Цар Самоил, Гоце Делчев, Прличев и многу други се само дел од листата на македонски личности од кои СДС и ДУИ се откажаа и со ставањето потпис на Протоколот (и Договорот за добрососедство) им ги подарија на Бугарите, додека воедно се согласија дa се избрише нивното фашистичко и окупаторско минато во Македонија и секое споменување како такво, ќе се толкува како „говор на омраза“.

 

Вера Циривири – Трена, убиена од бугарскиот фашистички окупатор, околу 7200 Евреи кои биле насилно одведени од страна на бугарскиот окупатор, транспортирани во логорот на смртта Треблинка, Цветан Димов - убиен крвнички, масакрот во Ваташа, каде 12 младинци се изрешетани од куршуми од митралези, па потоа се избодени со бајонети, и ограбени. Ова е мал дел од многу вакви историски настани и ликови, кои тие денес се обидуваат да ги избришат од македонската историја, учебниците, спомениците, а секое споменување на истите, според Протокотол потпишан од предавничките СДС и ДУИ ќе биде толкувано како „говор на омеаза“, велат од Левица.

 

„Но, ова е единствена заедничка историја која ја делиме со Бугарија - окупацијата од фашистичка Бугарија и тоа е единствена заедничка историја која треба заеднички да се чествува – победата на Македонците над бугарскиот фашизам. За Бугарија не постои ниту заедничка историја на сите јужни Словени, бидејќи сега таа е бугарска. 

 

Срамот е огромен и за Европската унија, која давајќи поддршка на Бугарија преку т.н. „француски предлог“, го одобрува фашистичкото минато, а со тоа, наместо осуда, ЕУ дозволува рехабилитација на фашизмот во Европа“, дополнуваат од опозициската партија.

 

 

21.07.2022 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега