Лидерите на Германија, Франција, САД и Велика Британија ќе разговараат за нападот на Хамас врз Израел

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека во текот на денот треба да разговара со лидерите на Франција, САД и Велика Британија за кризата предизвикана од ненадејниот напад на Хамас врз Израел.

– САД, Велика Британија, Франција и Германија се обединети, истакна Шолц на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон во Хамбург.

Шолц потенцира дека „не смее да се дозволи ова да го запали регионот“.

09.10.2023 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега