Љутков: Избран директор на Инспекторатот за македонски јазик

 

еден дел од процедурата за формирање на Инспекторатот за македонски јазик е веќе завршен.

Тој на денешната прес-конференција по посетата на универзитетска библиотека „Св. Климент Охриски“ -Скопје рече дека она што важи за сите инспекторати, ќе важи и за овој.

-Едниот дел од процедурата е завршен, а тоа беше усогласување со Законот, веќе го усогласивме. Она што важи за сите инспекторати важи и за овој. Избран е директор, овој период ги работевме актите за новата систематизација која ќе треба да се донесе во рамки на инспекторатот рокот беше 20 јуни, ние веќе денес имаме завршено и е испратено во Министерството за јавна администрација. Кога ќе ја добиеме согласноста веднаш ќе пристапиме кон вработување на инспектори и лектори во сите институции таму каде што законски треба да има, информира министерот.

Формирање Инспекторат за македонски јазик е со цел надзор на примена на Законот за употреба на македонскиот јазик.

11.06.2025 - 14:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега