Макрон: Г20 не е место за прашања за Украина

 

Францускиот претседател, Емануел Макрон, денеска изјави дека Г-20, која е основана со цел да ги реши меѓународните економски прашања, не мора да биде местото каде што се очекува дипломатски напредок во однос на крајот на конфликтот во Украина.

Тој на прес-конференцијата рече дека декларацијата на Г20 не е дипломатска победа за Русија.

Русија денеска ја пофали декларацијата на Групата 20 најголеми економии, која директно не ја критикуваше Москва за нејзината агресија врз Украина и оцени дека лидерите на самитот во Њу Делхи дејствувале во интерес на решавање на конфликтот.

Учесниците на Г-20 вчера во Њу Делхи усвоија декларација со консензус, во која не се споменува осуда на Русија за војната, но се повикуваат сите земји да не користат сила за да окупираат територија.

Украинското Министерство за надворешни работи во саботата соопшти дека заедничката декларација на Г-20 не е „нешто со кое што треба да се гордеат“ и критикуваше дека во неа не се споменува рускиот напад врз Украина.

10.09.2023 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега