Малолетник со мопед излетал од патот во Штип, со тешки повреди пренесен во болница


Вчера околу 21.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Сремски фронт“  во Штип, мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

01.04.2024 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега