Маричиќ: Перо Костадинов е докажано најдоброто за Валандово

СДСМ и коалицијата одржаа граѓанска трибина во Валандово на која беше претставена програмата на кандидатот на градоначалник Перо Костадинов, како и кандидатите за советници.

На трибината присуствуваше и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ, кој на валандовчани им порача дека Костадинов е докажано најдоброто за општината.

– Пред четири години караванот на СДСМ исто вака го посети Валандово. Тогаш ви го претставивме нашиот кандидат другарот Перо и ви рековме: Пријатели, овој млад човек и неговата енергија и токму тоа што му треба на вашиот град. Сега, четири години подоцна можеме слободно повторно да ве погледнеме во очи и да ви кажеме – Валандово повеќе не е ист град. Валандово е поразвиен, почист, со подобрена инфраструктура. Дали се сеќавате како изгледаше градот пред четири години, а како сега? Разликата е голема. Верувам следните четири години тој ќе доживее целосна урбана промена. Тоа е тоа што му треба на Валандово, тоа е тоа што се бара од секој модерен градоначалник, кажа Маричиќ пред присутните граѓани, повикувајќи ги граѓаните да гласаат за Костадинов и за советничката листа на СДСМ под реден број 12.

Кандидатот за градоначалник на Валандово Перо Костадинов ја побара уште еднаш довербата од своите сограѓани за победа уште во првиот круг, ветувајќи нови проекти.

– Во нашето Валандово нема да дозволам некој да се чувствува обесправен само поради тоа што е друга политичка опција. Никој не треба повторно да го почувствува режимот како порано. Ветува дека во следниот мандат Валандово ќе добие нов затворен базен. Центарот на градот ќе добие сосема нов автентичен лик, а над градот ќе направиме целосно нова парк шума. Стојам тука пред вас, со чисто срце, ве гледам во очи и ви велам дека тоа што го постигнавме за Валандово овие четири години е заслуга за сите нас. Без ваша помош тоа немаше да го постигнеме и за тоа длабоко ви се поклонувам и ви благодарам, рече Костадинов.

04.10.2021 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега