Маркоска: Владата останува посветена на развојна економија

Пратеничката на СДСМ Даниела Маркоска истакна дека владата предводена од СДСМ останува посветена во градење на развојна економија.

„Во таа насока е и петтиот економски пакет вреден 160 милиони евра кој има за цел спас на работните места, поддршка за домашните компании и подобрување на ликвидноста на стопанството. Продолжува грижата и помошта за регистрираните занаетчии и самостојните вршители на дејност за побрзо надминување на последиците од коронакризата“, информира Маркоска.

Според неа со мерката од петтиот пакет, на регистрираните занаетчии ќе им се овозможи решенијата за аконтативно плаќање на персоналниот данок да им бидат намалени за 50% во 2021 година, споредбено со решенијата од 2020 година.

Додаде, дека ќе се обезбеди и финансиска поддршка за граѓаните преку продолжување на мерката за одложување на плаќање на данок на личен доход до 30 јуни 2021 година.

„Вредноста за оваа мерка е 15 милиони денари, а целна група се самостојните вршители на дејност кои согласно Законот за данок на личен доход беа ослободени од плаќање на аконтации до 31 март 2021“, информира Маркоска.

Според неа „владата ги одмина најтешките мигови“, и како што рече „успеа да ја одржи економијата витална и динамична“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа