Мицевски: Владата согласно Устав и Деловник, да ги достави оставките до Собранието

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната собраниска седница, а во врска со оставката на министерот и заменик министерот за здравство укажа на членот 219 од Деловникот за работа на Собранието, кадешто се вели дека член на Влада може да поднесе оставка, ја повика Владата согласно Устав и Деловник да ја достави оставката на министерот и заменик министерот за здравство до Собранието.

„Вие велите оставката е поднесена, каде е оставката ? Оставката на член на Влада до претседателот на Собрание се произнесува преку претседателот на Владата, ние ја немаме добиено уште, доколку е доставена“, рече Мицевски.

Мицевски и укажа на Владата дека се многу несериозни, како владејачко мнозинство. Кажа дека темата е многу сензитивна. И несериозно е, како што рече, во ситуација кога слушаме дека министер и заменик министер дале оставка, тие да не бидат процесуирани односно донесени до Собранието во рокот којшто го имаа во изминатиов период.

„Затоа ја повикувам Владата, согласно Устав и Деловник, да ја достави оставката на министерот и заменик министерот за здравство до Собранието, како би можеле ние согласно член 220 да ја констатираме и затоа барам еден час пауза, за да во тој еден час, биде доставена оставката и да завршиме веќе со оваа фарса“, истакна Мицевски.

14.09.2021 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа