Мицкоски: Ако услов за договор се хегемонистичките и големодржавни барања на Бугарија, Заев веднаш треба да престане да преговара

Заев е подготвен на сѐ, ако тоа не го чини неговото семејство ништо, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на Алфа.

Според него, премиерот е подготвен да испорача и Анекс на Договорот за добрососедство со Бугарија.

- Ако не е подготвен да испорача Анекс и ако не е подготвен да ги прифати максималистичките хегемониски барања од кај нашиотисточен сосед  и големодржавни би рекол бидејќи секако таму заменик претседателот на Парламентот викаше дека сме еден народ во две држави и треба природно да сме во една држава. Јас не го велев тоа, официјално лице заменик претседател на Парламенто или потпретседател на Собранието во Бугарија. Зошто тогаш ако имаме такви големи дијаметрални разлики бидејќи тоа што го бараат од нас и тоа што мислам дека треба да е наша црвена линија е север-југ разлика, рече Мицкоски.

За него е несфатливо зошто уште се преговара со Бугарија ако имаме дијаметрално-спротивни гледишта.

-Тогаш треба да седнеме и да си кажеме луѓе веќе не треба да преговараме бидејќи овој Договор ваков каков што го потпишавме неговата содржина  е исцрпена и оваа негова содржина не нуди решение. Или тие ќе се повлечат од ние нивни хегемониски барања или ние како држава треба да гонапуштиме овој договор бидејќи очигледно пратстваува сериозна пречка за да ние станеме членка на ЕУ, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2020 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега