Мицкоски: Ако ВМРО-ДПМНЕ е слабо и во конфликти, тогаш СДСМ не треба да бега, ајде на избори
Ако е така, јас да сум на нивно место веднаш би излегол на избори и распаднатото ВМРО би го декласирал. Ајде на избори одма да излеземе и јас сум подготвен утре да разговарам со Ковачевски, да го распуштиме Парламентот и во првиот рок кога тоа е возможно да оддржиме избори, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 одговори на прашање за коментар околу тврдењата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа.
„Ајде на избори. Јас да сум на негово место и да знам дека ВМРО се распаѓа одма идам на избори. Нема потреба да чека. Зошто да чека да се консолидираме? Одма да идеме на избори“, додаде Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа