Мицкоски: Филипче колку и да го носат насмеан по митинзите заедно со Заев ќе одговараат за несреќата во Тетово

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митинг од Гевгелија, порача дека Заев колку и да го носи Венко Филипче по митинзи насмеан, ќе дојде ден кога ќе одговара за 14-те луѓе кои живи изгореа во тетовската модуларна болница, а за кои власта рече дека извештајот покажал дека виновен е кабелот и струјата.
-Сакам да посветам внимание на две важни работи. Првата е згрозувањето од тоа што сакаат да одбегнат одговорност за 14 изгорени луѓе убедувајќи не дека кабелот бил крив. Па така ќе го видите како го носат  Филипче окезен, насмеан од митинг на митинг заедно со Заев. Но нека уште кратко ќе трае. После поразот на 17-ти октомври новата влада на ВМРО-ДПМНЕ јас ви ветувам дека уште во првите 100 дена ќе покрене одговорност за сите овие политички измамници и криминалци, рече Мицкоски.
-Втората работа која сакам да ја споменам е тоа што инфлацијата го намалува животниот стандард. Тоа е голема тема во Европа, а само тука Заев не убедува дека само што не дошла 500-тини евра просечна плата, небаре од џеб ги вади парите, вели Мицкоски.
07.10.2021 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега