Мицкоски: Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – АА –А ќе победи на изборите, СДСМ-ДУИ немаат веќе што да и понудат на државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервју за Ал Џезеира, во врска со изборите, истакна дека Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – АА –А ќе победи на изборите, а СДСМ-ДУИ немаат веќе што да и понудат на државата и ќе бидат делегитимирани на овие избори.

-Јас очекувам ВМРО-ДПМНЕ на победи по сите основи, односно коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, во албанскиот блок очекувам со Алијанса за албанците и Алтернатива да освои најголем број на градоначалници исо тоа комплетно да ја делегитимираме оваа коалиција на власт СДСМ-ДУИ овие политички обединети измамници, истакна Мицкоски.

Тој изјави дека не само што СДСМ-ДУИ немаат никаков кадровски потенцијал, туку веќе немале ни што да и понудат на Македонија и граѓаните.

-Очекувам да имаме поголем број на градоначалници и советници од коалицијата која ја предводи СДСМ, а за денот потоа има неколку сценарија, но да почекаме да дојдеме до 17-ти октомври прво, вели Мицкоски.

Тој истакна дека во тие неколку сценарија има можност и за ново владино мнозинство, како и можни парламентарни избори кои тоа мнозинство ќе ги спроведе, а убеден е дека резултатите од изборите ќе бидат во корист на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

30.09.2021 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега