Мицкоски: Личност која го велича Путин е предлог на власта во работната група за уставни измени, и истата ќе ја плаќаат со народни пари

Во врска со ова информација Мицкоски потенцираше дека повеќе од јасно е од каде потекнуваа таа госпоѓа, како се стекнала со звањето и како доаѓа да таа учествува во таа работна група.
-Ако ја погледнете биографијата на таа госпоѓа ќе ви стане јасно од каде потекнува, како се стекнала со звањето и како доаѓа да учествува во таа работна група. Исто така и семејните стебла, тука се едно семејно стебло кое што е по вертикала со ДУИ поврзано, друго семејно стебло кое што се родени да бидат функционери и да бидат на грбот на граѓаните е на СДСМ, или е уставен судија или е градоначалник, или е директор, или е во некоја комисија и зема илјадници евра народни пари, отприлика така функционира владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДС, кажа Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа