Мицкоски: Тоа што Владата не прифаќа единство за преговорите со Бугарија, говори дека повеќе сака да ѝ удоволи на Софија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод празникот Тодорова сабота беше во посета на Свети Николe. Запрашан за тоа до каде се преговорите со Бугарија, Мицкоски одговори дека тоа е процес кој е приватизиран од страна на Владата и имајќи во предвид тоа што не го прифаќаат единството и декларацијата на која повика ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека сакаат да ѝ удоволат на Бугарија, а не на македонскиот народ.
-Немам информации. Генерално Владата е таа која што го приватизираше овој процес. Немаме никакви информации за ново дополнително отстапување или нови дополнителни предавства кои се подготвуваат. Ние во неколку наврати ги повикувавме на писмени гаранции, ги повикувавме на единство, ги повикувавме на декларации, но очигледно повеќе сакаат да удоволат на официјална Софија отколку на македонскиот народ, на македонската држава и на македонските граѓани, вели Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа