Мицкоски за Сугарески: Тоа што го гледате кај Заев е собрано дупло кај него, тој е олицетворение на транзицијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Прилеп одговарајќи на новинарски прашања во однос на коментар за кандидатот на власта за градоначалник на Прилеп истакна дека Сугарески е олицетворение на Зоран Заев, олицетворение на транзицијата и сите оние лоши работи на кои се сеќаваме.

„Па зарем тој предлог заслужува било каков коментар но еве ќе бидам краток. Тој е олицетворение на Зоран Заев, тоа што го гледате кај Зоран Заев е собрано и би рекол двојно повеќе експонирано кај кандидатот на власта овде во Прилеп на поранешниот пратеник, шеф на пратеничка група, па малку министер, па малку директор во царина, сега кандидат во обид за градоначалник на Прилеп, Сугаревски. Тој е олицетворение на транзицијата, тој е олицетворение на сите оние лоши работи по кој што ние се сеќаваме во нашето детство и во нашата младост, бидејќи тој мислам дека единствено може да и конкурира на Шекеринска отприлика  толку време е активен и присутен на политичката сцена но мислам дека овој пат односно да бидам попрецизен сигурен сум дека ова е неговиот последен обид да колку толку живогребно се одржи и да опстане на политичката сцена која што за него претставува начин како да се богати, бидејќи погледнете тука во Прилеп што прави со кои луѓе се дружи и кои се негови најблиски другари ќе ви стане јасно за каков лик, за каков човек станува збор“, истакна Мицкоски.

09.10.2021 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега