Мицкоски: Законот за рестриктивни мерки не понижува – сами да си го истражуваме криминалот

Не правиме компромис со криминалот и корупцијата но не можеме да даваме поддршка за законски решенија кои што се спротивни на македонскиот Устав.

„Закон да, но да биде уставен и да одговори на сите оние вистински потреби кои што значат борба против криминалот и корупцијата.

Јас колку што успеав да разберам од американскиот амбасадор дека тие располагаат со докази и дека до сега никој од истражните органи ниту обвинителството не пристапил да ги побара тие докази и јас ги охрабрувам, еве новиот обвинител го охрабрувам да пристапи и да ги прибави тие докази и врз основа на тие докази да почне истрага за да ставиме крај, еднаш за секогаш на сите овие тврдења, овој бил на црната листа зошто бил корумпиран, тој ќе биде затоа што бил корумпиран. Криминалот мора да има име и презима и јасни докази и правосилна пресуда. Затоа го охрабрувам новиот јавен обвинител да седне и да ги прибави тие докази и да почне предистрага за да бидеме дали е тоа нешто кое што е страшно а ако е страшно да се процесуира.“ – вели Мицкоски во интервју за ТВ21.

Според него, наместо да ги чекаме црните листи, треба да почнеме да работиме.

За мене е понижувачки како граѓанин, некој од надвор да ни ги решава домашните проблеми. Ние нема да ги решиме ако јавниот обвинител кој треба да гони организиран криминал има препорака затоа што е пријател со возачот на лидерот на една партија или е пријател со братот на лидерот. Такви црни листи имајте какви сакате но тие нема да го решат проблемот. “ – вели Мицкоски.

16.02.2024 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега