Милошоски: Продолжува владејачкото прекршување на Уставот, законите и Деловникот на Собранието

Насилничкото и неделовничкото однесување и водење на Комисијата за политички систем од страна на претседателката Мираковска, но и од страна на владејачкото мнозинство СДСМ и ДУИ продолжува со прекршување на Уставот, законите и Деловникот на Собранието, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

„Гледаме дека претседателката Мираковска инсистира на тоа дека дневниот ред е усвоен и дека точката за расправа е отворена иако сме сведоци дека на минатата седница тоа не се случи. Зошто? Затоа што претседателката на Комисијата Мираковска најдобро знае дека пред било какво изјаснување за дневниот ред мора да праша, формално, дали некој од пратениците, членови или заменици членови на Комисијата, има предлог измени или дополнувања на дневниот ред, нешто што таа не го направи.

Ваквиот пропуст, дали е од незнаење или под притисок на владејачкото мнозинство е нејзин проблем, но доколку продолжи на овој начин да се однесува и да ја води седницата на Комисијата, најавуваме дека како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во текот на денешниот ден ќе поднесеме иницијатива за интерпелација за работата на претседателката Соња Мираковска и таа да биде разрешена од позицијата претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците“ рече Милошоски.

Тој нагласи дека ако Мираковска не е спремна да ги почитува Деловникот и законите, тогаш да биде спремна за интерпелација, која денеска ја најавија од ВМРО-ДПМНЕ, доколку продолжи со вакво прекршување на Деловникот на Собранието.

01.04.2022 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега