Милошоски:ВМРО-ДПМНЕ е на блокадите затоа што Заев тајно преговара на сметка на интересите на Република Македонија

Денес би сакал да истакнам дека блокадите што ги организира ВМРО-ДПМНЕ имаат една причина, а причината е нетранспарентноста на власта и тајните преговори кој што двоецот Заев-Бучковски ги води со официјална Софија за сметка на интересите на Република Македонија, а поврзани со договорот за кој што Заев рече дека ги решил сите државни проблеми, изјави за медиумите пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

-Очигледно е дека Заев лажел, Договорот со Бугарија не решил проблеми, туку создава нови проблеми и сега се бараат од Македонија нови отстапки и затоа сметаме дека не треба да се крие од јавноста што се преговара, туку да се соопшти на медиумите и на граѓаните кои се анексите кои што Софија инсистира да бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, истакна тој.

09.06.2021 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега