Мисајловски го демантира Груби: Сме немале средба за Бектел и Енка

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во денешното негово гостување во „10 Минути“ на ТВ21 го демантираше вицепремиерот Артан Груби, за наводната нивна средба а во врска со Бектел и Енка.

Мисајловски вели дека таква средба немало.

-Не сме имале таква средба, средби во минатото сме имале на различни тематики, но за Бехтел и Енка немало, вели Мисајловски.

Груби вчера на конференција истакна дека се сретнал со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски.

-Тој исто така се сретна и со претставниците на Бехтел и Енка. Јас исто така се сретнав и со Владо Мисајловски, поранешен министер за транспорт и врски. Со Александар Николовски во врска со специјалниот закон и другите законски измени. Сите се согласија дека се потребни и дека имаат нивни предлози за подобрување на законските решенија но никогаш не ни ги доставија, истакна Груби.

Во продолжение можете во живо можете да го проследите гостувањето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски:

26.04.2023 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега