Мисајловски и амбасадорот Рокас разговараа за безбедноста и соработката со ЕУ
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана остварил средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.
Како што објави на фејсбук министерот Мисајловски, на средбата разговарале за актуелната безбедносна состојба во регионот и Европа и за заедничките активности кои ги преземаме за одржување на мирот и стабилноста.
Мисајловски упатил благодарност за успешната соработка и поддршка која Европската Унија ни ја дава за развој на одбранбените капацитети.
21.05.2025 - 13:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа