Митрески: Блокадите не се во духот на добрососедството, за идентитетот не се разговара, европската иднина нема алтернатива

Ние сме кандидати за членство во ЕУ и заслужуваме преговори, сепак, доколку се случи она што го најавува Република Бугарија тоа не ниту во духот на добрососедските односи ниту е во склоп со европските вредности, рече денеска координаторот на СДСМ, Митрески во одговор на новинарско прашањ, што доколку се случат најавите на Бугарија за преговорите со ЕУ.
 
„За македонскиот јазик и идентитет ниту имало, ниту има, ниту ќе има преговори. Ако сепак се случи да има блокада од Бугарија ние ќе продолжуваме со реформите, исто така ќе продолжиме да разговараме и бараме решение со силата на аргументите.  Нашиот пат е европсккиот пат и нашата иднина е во ЕУ. Нема други алтернативи, ние ќе продолжиме да работиме во таа насока постојано“ рече Митрески.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2020 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега