Митрески: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го омаловажуваат македонскиот јазик

Пратеникот на СДСМ Јован Митрески на народните избраници од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека неговиот јазик е македонски и таков ќе остане за пратениците од мнозинството.

Мојот јазик е македонскиот и секогаш ќе остане и за мене и за пратениците од мнозинството, порача од собраниската говорница координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

Тој истакна дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го омаловажуваат македонскиот јазик, па дури во говорите употребуваат и бугарски зборови, и им предложи да си комуницираат со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои имаат бугарски пасоши и добро го познаваат бугарскиот јазик, за да научат еден јазик плус.

Јас цело време зборувам на македонски јазик, заклучоците коишто ги поднесовме беа токму за заштита на македонскиот јазик и видете ја изјавата на владата ќе видите точно, а не како што греши вашиот претстедател  кој не знае кога е кодифициран јазикот, им порача пратеникот на СДСМ Јован Митрески на народните избраници од ВМРО-ДПМНЕ.

20.07.2022 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега