Мизрахи: Полицискиот час е небулозен, кога требаше да има карантин - немаше

Пратеничката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи вечерва во „Заспиј ако можеш“, во врска со вакцините истакна дека овој полициски час е небулозен, затоа што кога требаше да има карантин немаше, тоа не чинеше загубени животи, останаа само лажните изјави за вакцините кои не стигнаа, а луѓето гледаат надеж во нив.

-Работава со вакцините не е за шегување, секојдневно нашето население живее под постојан притисок од ковид кризата, а луѓето гледаат единствена надеж во вакцините, а дополнително преопреретеноста со здравствениот систем ја видовме во периодот октомври, ноември, кога требаше да има карантин, а немаше карантин во текот на вториот бран, а тоа предизвика загуби по човечки животи, вели Мизрахи.

Таа критикуваше дека нема кревети, доктори се прераспределуваат од еден сектор во друг да помогнат во ковид центрите, нема начин на справување со напливот на болни особено во помалите места, а единствената мерка на сево ова е недозволено движење од 22 часот до 5 часот наутро, истото е небулозно затоа што никој впрочем до сега не се движеше во тој временски период.

-Лажни изјави во низа каде се најавуваа од 200.000 дози, па до 15  февруари кинеските вакцини требаше да стигнат за на крајот да сфатиме дека договоров со Кина, не бил договор со Кина, истакна Мизрахи.

Вели дека исклучително е висока заболеноста, но и смртноста, но власта тоа не го гледа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2021 - 23:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега