Монтгомери: Мотор на авион вшмукал работник, тој починал на лице место

Националниот одбор за безбедност на транспортот во САД соопшти дека аеродромски работник загина додека авионот Embraer 170 на „American Airlines“ бил паркиран на регионалниот аеродром во Монтгомери.

Работникот загина додека работел на еден од моторите на авионот. Моторот на авионот едноставно го вшмукал човекот.

Покрената е истрага за инцидентот, а прелиминарниот извештај ќе биде објавен за две до три недели, соопштуваат оттаму.

Компанијата „American Airlines“ ја потврди несреќата и оттаму додаваат дека им даваат „поддршка на вработените во овие тешки моменти“ – пишува Гардијан.

03.01.2023 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега