Муцунски: Срамно е ова што го прави МВР во општина Аеродром
„МВР повторно нема слух за барањата на Општина Аеродром“, реагира градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски преку пост на Фејзбук.
„Во претходните неколку денови активно работевме при организација на настанот за најсаканите ,,Најмладите за Аеродром”. Настан кој собра многу дечиња на едно место, одлична забава за аеродромци. И покрај позитивната енергија, честитките, забавата приредена од македонските артисти, повторно проблем со МВР.
По повеќе од една недела официјално барање за затворање на булеварот Јане Сандански од пределот од Веро до ДежаВу не најдоа време за соодветен одговор... Во држава каде се блокираат раскрсници за најмали ситници, ние не добивме соодветен одговор и наидовме на разбирање од МВР за хуманитарен концерт.
Со овој чин МВР ја загрози безбедноста на жителите на Општина Аеродром и доведе во ризик многу дечиња заради прометниот сообраќај на овој предел“, пишува Муцунски.
„Бараме најитно да престане ваквиот однос од страна на МВР и конечно да се воспостави професионална соработка за доброто на жителите од Општина Аеродром“, се додава во статусот на градоначалникот.
25.12.2021 - 15:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа